Почетна Вести Европа Вселенскиот патријарх: „Не го менуваме начинот на причестување“
Вселенскиот патријарх: „Не го менуваме начинот на причестување“

Вселенскиот патријарх: „Не го менуваме начинот на причестување“

157
0

Нова изјава во врска со светата Причест даде Н. Б. Сесветост Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, кој претстоеше за време на Божествената Литургија во светогорскиот метох на манастирот „Свети Пантелејмон“ во Галата, Константинопол.

Неговата Сесветост, обраќајќи ѝ се на руската паства во Константинопол, ѝ се заблагодари што се причестува со светите Тајни:

„Ви честитам што сите пристапивте кон Божествената Причест, чесните Тајни. Вие знаете дека во последно време многу се зборуваше за светата Причест. Ние веруваме непоколебливо дека при причестувањето со Телото и Крвта на Господа не постои никаква опасност да се заразиме со коронавирусот. Затоа ние како Вселенска патријаршија, не го променивме начинот на причестување,“ потенцира Вселенскиот патријарх.

На почетокот на својата беседа, тој говореше за „денешната благословена средба на таткото со своите деца. Зашто ако целиот благочестив руски народ се духовни чеда на Константинопол, тогаш многу повеќе сте вие, кои живеете овде, вие сте наши деца. Зашто одовде рускиот народ го прими Христијанството, просвештението, крштението. Затоа и денес дојдов за да бидам близу до вас, на покана на отец Тимотеј и отец Алексиј, за да се помолиме заедно и да го почестиме споменот на свети Пантелејмон, кој е велик лекар. И денес, кога го поминуваме овој тежок период на пандемијата, потребен ни е свети Пантелејмон и светите Бесребреници, многу повеќе отколку другпат. Го молиме свети Пантелејмон да нè заштитува“.

Патријархот заврши велејќи: „Радосен сум што сум помеѓу вас и го празнуваме овој празник, како што и одам секој декември во свети Андреј и таму се молам заедно со нашите браќа Словени“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *