Вселенскиот Патријарх на средба со турскиот Претседател

Date:

Share post:

Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, на негово барање, вчера, 26 декември 2024 година, се сретна со Претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган, во Претседателската палата во Анкара.

Патријархот го отвори прашањето за состојбата на христијаните во Сирија и побара од Претседателот да ја искористи својата целосна влијателност таму за заштита на животот и безбедноста на христијаните и на сите малцинства во Сирија, при што се осврна и на тесните историски врски меѓу Вселенската Патријаршија и древната Патријаршија на Антиохија.

Неговата Сесветост понатаму му се заблагодари на Неговата Екселенција за наредбата дадена за повторно отворање на Богословската школа на Халки и го замоли за забрзување на релевантните процедури. Претседателот ветил дека ќе даде целосна поддршка.

Исто така, се дискутирало и за темата на планираните прослави во следната година по повод одбележувањето 1700 години од одржувањето на Првиот Вселенски собор во Никеја (325-2025) и за посетата на Папата Франциск од Рим во Турција, за да учествува во тие прослави.

Патријархот во Анкара бил придружуван од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Халкидон, г. Емануил и Почитуваниот г. Пантелејмон Вигас, Архонт Велик Хартофилакс.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img