Почетна Вести Европа Вселенскиот патријарх и грчкиот архиепископ го бојкотираат рускиот патријарх
Вселенскиот патријарх и грчкиот архиепископ го бојкотираат рускиот патријарх

Вселенскиот патријарх и грчкиот архиепископ го бојкотираат рускиот патријарх

821
0

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и грчкиот архиепископ Јероним го бојкотираат Серускиот православен собор и одбележувањето на 100 годишнината од востановувањето на Руската Патријаршија.

Поглаварите на овие две цркви не отпатуваа во Москва, но што е уште позначајно не испратија ниту своја делегација.

Грчките медиуми ова го оценуваат како реакција на бојкот кон Московската Патријаршија поради бојкотот на Руската црква на Сеправославниот Собор на Крит во 2016 година.

Во Москва не отпатува и грузискиот патријарх Илија II. Иако оваа црква има своја делегација, сепак во Москва не успеа да отпатува Митрополитот што Патријархот Илија II го определи, со образложение на Руската Црква дека списокот на гости бил претходно дефиниран.

Во Москва не е ниту бугарскиот патријарх Неофит, но БПЦ има голема делегација.

Инаку во Москва веќе се патријарсите на Александрија, Теодор II, Ерусалим Теофил II, како и поглаварот на Американската православна црква Тихон. Таму е и српскиот патријарх Иринеј.

/dveri.bg

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *