Новоназначениот американски амбасадор во Анкара, Томас Барак, ја посетил Вселенската патријаршија, каде одржал средба со Вселенски патријарх.
Во текот на разговорот биле отворени неколку важни прашања, меѓу кои: положбата на христијаните во Сирија, иднината на религиозните заедници во Турција, како и можноста за повторно отворање на богословското училиште на островот Халки — долгогодишно барање на патријаршијата.
Освен тоа, на агендата биле и темите поврзани со улогата на дијаспората – особено на грчките и православните заедници кои живеат во Турција – како и перспективите за соработка меѓу САД, Вселенската патријаршија и локалните верски заедници.
Посетата доаѓа во време на зголемена медиумска и дипломатска чувствителност во Турција, поради што веќе се појавија реакции од некои турски политички кругови кои го оспоруваат официјалното користење на називот„Вселенски патријарх“, што според нив нема правно признание во земјата.
Ваквите дипломатски средби одат многу подалеку од церемонијална важност – тие се знак дека статусот и иднината на христијанските заедници во Турција и регионот останува дел од геополитичките и верските дијалози, а патријаршијата е актер кој остварува контакти на високо ниво.
