Почетна Вести Христијанство Вселенскиот и српскиот патријарх служеа во Солун, но не открија што разговарале за МПЦ-ОА
Вселенскиот и српскиот патријарх служеа во Солун, но не открија што разговарале за МПЦ-ОА

Вселенскиот и српскиот патријарх служеа во Солун, но не открија што разговарале за МПЦ-ОА

450
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Иринеј отслужија заедничка литургија во Солун, посветена на 100 годишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Литургијата која беше отслужена во црквата Свети Пантелејмон беше служена на грчки, српски и на црковнословенски јазик.

Двајцата поглавари имале и средба на која разговарале за важни прашања. Но, во официјалното соопштение нема детали.

-За време на средбата двајцата имаа долг и плодотворен разговор за теми од заеднишки о општоправославен интерес во духот на братска љубов, стои во соопштението.

Иако нема официјални информации, сепак сосема извесно е дека главната тема на која зборувале Иринеј и Вартоломеј е иницијативата на Вселенската патријаршија да признае автокефална црква во Македонија, на што СПЦ остро се спротивставува. Во таа насока српскиот патријарх Иринеј неодамна испрати и остро писмо до Вселенскиот патријарх во кое го обвини дека се меша во канонската јуриздикција на СПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *