Почетна Вести Христијанство Вселенската патријаршија: Лага е дека е одбиено барањето за автокефалност на МПЦ-ОА
Вселенската патријаршија: Лага е дека е одбиено барањето за автокефалност на МПЦ-ОА

Вселенската патријаршија: Лага е дека е одбиено барањето за автокефалност на МПЦ-ОА

348
0

Вселенската Патријаршија ја разби фамата, дека се откажала од намерата за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, која прво се појави во Македонија, преку шпекулативниот текст на „Слободен печат“, а потоа и преку одреден грчки медиуми, кои се повикуваат токму на текстот на „Слободен Печат“.

Со официјално соопштение Вселенската Патријаршија категорично ја отфрла во целост објавата во весникот „Ортодокси алитија“ (насловна и објава на стр. 11 од 24.10.2018) со наслов „Го убедија Вартоломеј со… злато – Како Србите го растурија процесот за автокефалија на Скопската Црква – Зошто наеднаш се промени ставот на Вселенскиот Патријарх. Долгата историја од 1922, која ги растури плановите на политичарите“.

-Наводното „откритие“ од страна на весникот претставува резултат на болна фантазија која брутално ја навредува институцијата на Вселенската Патријаршија и личноста на Патријархот. Извонредно жално е што одговорните на весникот не сметале за потребно да дојдат во контакт со Вселенската Патријаршија како би ја провериле нивната „ексклузивна“ информација, или да побараат некој коментар за истото. Зашто, ако го направеле тоа, ќе знаеја дека не е испратено никакво Патријаршиско Писмо до „Скопската Црква“, а ниту некаква делегација од Српската Патријаршија ја посетила Вселенската Патријаршија и секако, разговор од таков вид, како опишаниот во објавата за која станува збор, нема станато никогаш, стои во соопштението на Вселенската патријаршија.

Во продолжение на соопштението пишува:

-Очигледно, авторот на конкретнава објава, сокриен зад псевдоним, можеби дека не може да ја издржи светлината на православната вистина (тоа значи името на весникот „Ортодокси алитија“, заб. на прев.), позавидел на „славата“ на оние што во последно време, преку објави имаат започнато вулгарна кампања за клеветење на Вселенската Патријаршија и нејзиниот Претстојател, кои ги практикувале, ги практикуваат и ќе ги практикуваат своите канонски и историски привилегии, со кои Вселенските Собори и преданието на Црквата ја почестиле првопрестолната и маченичка Константинополска Црква, стои во соопштението.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *