Почетна Вести Христијанство Вселенската патријаршија и официјално ја стави на дневен ред македонската автокефалност
Вселенската патријаршија и официјално ја стави на дневен ред македонската автокефалност

Вселенската патријаршија и официјално ја стави на дневен ред македонската автокефалност

709
1

Синодот на Вселенската Патријаршија на последното редовно заседание од 9 до 11 мај 2019 година во Фанар го отворил прашањето за барањето на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста, што минатата година беше испратено од македонска страна, пишува „religija.mk“.

Иако во соопштението од Вселенската Патријаршија не соопштуваат детали, сепак ставањето на дневен ред значи ставање во процедура на ова барање.

-Под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Светиот и свештен синод заседаваше на редовно заседание од четврток, 9 мај, до сабота, 11 мај 2019 година. За време на овие заседанија, се разгледаа сите теми заведени во дневниот ред и се донесоа соодветни одлуки… Разговараше, помеѓу другото и за поднесеното пред извесно време апелациско прибегнување (еклитон) од страна на црквата во Северна Македонија, која моментално, како што засега стојат работите, пребива во раскол, пишува во соопштението објавено од Вселенската Патријаршија.

Оваа одлука на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј да го стави на дневен ред барањето на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста, доаѓа во исто време кога во Србија почнува редовното заседание на Светиот Архиерејски Собор на СПЦ, највисокото црковно тело на Српската Патријаршија.

Вартоломеј неодамна во интервју за белградска Политика рече дека нема намера да ги менува границите на СПЦ, ако за тоа не стаса соодветно барање, или не се појави некаква „поголема црковна потреба“.

Рускиот Патријарх Кирил, пак исто така во интервју за белградска Политика, рече дека оваа изјава на Вартоломеј значи дека тој има намера да го спроведе „украинскиот рецепт“ и во Македонија.

Коментар(1)

  1. Да ли би, браћо Македонци, ви пристали на украјински модел? ПЦуУ по томосу који је добила од Васељенског Патријарха нема јуриздикцију над украјинском дијаспором. То значи да би ви, ако пристајете на украјински модел, своје вернике у Европи и Аустралији дали под јурисдикцију Васељенског Патријарха. По Нишком споразуму из 2002. године МПЦ би задржала јуриздикцију над својом дијаспором. И како сад објашњавате да све одбили 2002. нешто што је било повољније по вас, а данас пристајете на далеко горе услове. Још једном понављам да је Нишки споразум пропао због вашег тадашњег председника који је био методиста (секташ). Размислите о томе . Братски поздрав

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *