Почетна Вести Европа Вселенската патријаршија ги почна разговорите за автокефална украинска црква – првата средба со грчкиот Архиепископ
Вселенската патријаршија ги почна разговорите за автокефална украинска црква – првата средба со грчкиот Архиепископ

Вселенската патријаршија ги почна разговорите за автокефална украинска црква – првата средба со грчкиот Архиепископ

181
0

Тројца митрополити од Вселенска патријаршија, членови на комисијата за решение на украинскиот црковно прашање, биле во посета на Атина и имале средба со Атинскиот Архиепископ Јероним.

Членовите на оваа комисија биле Пергамскиот Митрополит. Јован, Митрополитот за Франција Емануел и Смирненски Вартоломеј.

Од страна на Атинската архиепископија освен архиепископот Јероним присуствувале тројца митрополити – Митрополитот на Димотика Дамаскин (претставник на синодската комисија за догматски и канонски прашања), Митрополитот на Димитриада Игнатиј, и на Нова Смирна Симеон.

Митрополитот на Нова Смирна Симеон ќе ги информира членовите на грчкиот постојан Свет Синод, чиј состав се менува по принцип на  ротацијата од 1 септември до 31 август секоја година,  за развојот на проблемот и Грчката Црква ќе излезе со свое мислење.

Синодот најверојатно ќе предаде предметот до вишиот црковен орган во Грција односно Соборот на сите епархиските митрополити во земјата.

Ова е прва официјална средба на претставници на Вселенска патријаршија со друга помесна православна црква по ова прашање.

Според информација на Orthodoxia.info во Вселенска патријаршија има архиереи, кои сметаат дека од такви консултации нема потреба, бидејќи така се потценува историското право на Цариградската Црква мајка сама да одлучува по прашања од таков карактер и ранг.

/DVERI.BG

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *