Почетна Вести Вселенска патријаршија: Тројца поглавари нема да допатуваат во Шамбези
Вселенска патријаршија: Тројца поглавари нема да допатуваат во Шамбези

Вселенска патријаршија: Тројца поглавари нема да допатуваат во Шамбези

326
0

Вселенската патријаршија и официјално соопшти дека на подготвителната седница закажана за 21 јануари во Шамбези- Женева, нема да присуствуваат тројца од поглаварите на помесните православни цркви. Сите останати го потврдиле своето учество на седницата.

-Лично учество на средбата најавија сите поглавари, освен Блажењешиот Антиохиски Патријарх, Јован и Варшавскиот митрополит Сава и тоа поради здравствени прилини. Атинскиот и на цела Грција архиепископ, Јероним нема да присуствува поради лични причини. Сепак и тројцата ќе бидат претставувани од свои ополномоштени претставници, стои во соопштението на Вселенската патријарпија.

Како дневен ред се посочуваат темите поврзани со подготовкста на „Светиот и голем Собор“, за кои беше постигната согласност на средбата на поглаварите во март 2014 година, дека ќе се одржи оваа година.

На 24 јануари, во рамки на средбата ќе биде отслужена и сеправославна боќествена литургија во ставропигијалниот храм, „Свети Апостол Павле“, со која ќе чиноначалствува Вселенскиот патријарх, Вартоломеј со учество на сите поглавари.

Вселенската патријаршија посочува дека на средбата, освен патриајрхот Вартоломеј ќе присуствува и Архиепископот на Америка.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *