Почетна Вести ВСЕЛЕНСКА ПАТРИЈАРШИЈА: ГПЦ може да биде спокојна, нема автономија за „Новите земји“
ВСЕЛЕНСКА ПАТРИЈАРШИЈА: ГПЦ може да биде спокојна, нема автономија за „Новите земји“

ВСЕЛЕНСКА ПАТРИЈАРШИЈА: ГПЦ може да биде спокојна, нема автономија за „Новите земји“

432
0

Вселенската патријаршија и официјално ја расчисти дилемата и ставувањата на Грчката православна црква околу иднината на епархиите на „новите земји’ (епархиите во егејскиот дел на Македонија н.з)

Јуриздикцијата врз епархиите во ГрцијаСекретарот на Вселенската патријаршија на прес-конфернцијата на Крит потврдил дека Фанар нема никаква намера да создава некаква автономија во рамки на овие епархии кои кон Грција беа приклучени во 1913 година, но се под јуриздикција на Вселенската патријаршија.

-Вселенска патријаршија нема никаква намера да обезбеди автономен статус на “новите земји” во Грција, кои секогаш биле потчинети канонско и духовно на Вселенската патријаршија, а нивното административно управување е предадено на автокефална Грчка црква, за чие служење на мајката-црква Неговата Светост благодари “, изјавил секретарот на Вселенската Патријаршија.

Делегацијата на Грчката црква и Атинскиот Архиепископ Јероним изразиле задоволство од изјавата со која се расчистуваат шпекулациите за тоа дека Вселенската патријаршија ќе додели автономен статус на Митрополијата во Централна и Северна Грција, со цел да ги откине од административната јуриздикција на Грчката архиепископија.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *