Почетна Вести Христијанство Врвот Голем Крчин и годинава место за голема утринска литургија
Врвот Голем Крчин и годинава место за голема утринска литургија

Врвот Голем Крчин и годинава место за голема утринска литургија

303
0

Монасите и монахињите од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, и оваа година со особена радост ги информираат, а воедно и ги покануваат верниците да бидете дел од еден несекојдневен настан, кој од година во година привлекува огромен број на љубители на духовноста и планините. Станува збор за искачување на врвот Голем Крчин.

-Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин, односно на местото на остатоците од поранешниот храм посветен на празникот Преображение, рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива. Оваа година, заради обезбедување на групата ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, ги замолуваме сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, да пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од ФПСМ или МАИВП. Координатор на сите водичи ќе биде лице од манастирот, велат од Бигорски.

Патеката е со средна тежина и трае околу 4 часа. Има попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

Пријавувањето за учество е задолжително. Токму затоа, е потребна потврда за присуство, како и бројот на членови и водичи кои ќе присуствуваат, кај сестра Ефимија (манастир Св. Георгиј Победоносец, Рајчица) на тел: 070 290 210

Време на собирање/поаѓање е на 12 август 2018 (недела), од 02:30 – 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови.

Место на поаѓање е пред Бигорскиот скит на светите сесловенски просветители и учители Кирил и Методиј над селото Битуше (поранешната караула). Враќањето е со организирано поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата. Пристигањето во Бигорскиот манастир е околу 13 – 14 ч., со заеднички манастирски ручек.

-Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *