Почетна Вести Свет Врховниот суд на Пенсилванија обвини стотици свештеници за злоупотреба на илјадници деца
Врховниот суд на Пенсилванија обвини стотици свештеници за злоупотреба на илјадници деца

Врховниот суд на Пенсилванија обвини стотици свештеници за злоупотреба на илјадници деца

209
0

Врховниот суд на Пенсилванија објави извештај во кој детаљно се опишуваат сексуални злоупотреби во католичката црква, со што се поврзани повеќе од 300 свештеници.

Големата истрага утврди дека повеќе од 1.000 деца биле злоупотребени од членови на шест епархии во оваа сојузна држава во последните 70 години. Во исто време, било утврдено дека постоело систематско прикривање на овие злосторства од страна на црквата.

„По 18-месечна истрага, идентифицирани се повеќе од илјада малолетни жртви, врз основа на црковните архиви. Ние веруваме дека реалната бројка на деца кои се изгубени или се плашеле јавно да зборуваат за ова е илјадници“, се вели во извештајот.

Во него е документирано дека млади момчиња и девојчиња, како и тинејџери, биле злоупотребувани од свештенството.

„Сите тие биле штитени од црковните лидери, кои решиле да ги одбранат злоупотребувачите и институцијата која ја сакаат“, стои во извештајот, додавајќи дека повеќето случаи се престари за да бидат процесуирани.

Во извештајот се наведени имињита на стотици свештени лица и сите ќе бидат јавно објавени.

/SDK.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *