Почетна Репортажа Вредни бугарски цркви и манастири секојдневно се распаѓаат
Вредни бугарски цркви и манастири секојдневно се распаѓаат

Вредни бугарски цркви и манастири секојдневно се распаѓаат

311
0

Голем број бугарски манастири и селски цркви се во распаѓање и никој не води грижа за нивната состојба. Бугарските медиуми посочуваат дека Црквата ги остава на забот на времето овие бугарски православни светилишта, кои секојдневно се распаѓаат иако имаат голема историска важност.

bg 5Станува збор за заборавени манастирски објекти и цркви на територијата на цела Бугарија, во кои со години никој не влегува.

bg 4Овие објекти веќе подолго време ги фотографира авантуристички фотограф, Мартин Балтаџиев, кој има намера сите овие разурнати храмови на БПЦ да го документира во монографија.

bg 1Тој за бугарските медиуми изјавил дека секоја година, овие објекти, се повеќе пропаѓаат.

bg 2-Книгата ја насловив како „Изгубена вера – последно отворени врати“. Тоа е метафора за овие објекти, кои патувајќи ги открив и на многу непристапни места. До нив патеките се обраснати со трње и трева, вратите тешко им се отвораат. Тоа е изгубена вера. Голем дел од овие храмови се разурнати во целост. Онаму каде што тие се уште некако се одржуваат, тоа е благодарение на тамошните мештани. За споредба можам да ги посочам државите околу нас како Македонија, Романија, Света Гора, Грција, каде исто така сум слика. Таму луѓето вложуваат неверојатни напори, труд, средства за туризам, градба и реконструкција на цркви и да ги заштитат вредностите, изјавил фотографот за бугарските медиуми.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *