Почетна Вести Вранишковски повторно осуден, но нема да оди в затвор
Вранишковски повторно осуден, но нема да оди в затвор

Вранишковски повторно осуден, но нема да оди в затвор

346
0

Основниот суд во Скопје повторно донел осудителна пресуда за Јован Вранишковски  во делото во кое тој, неговите двајца епископи Дави и Марко и членови на ПОА беа обвинети за перење пари.

На повторното рочиште, откако Врховниот суд го врати предметот, судот како виновен го прогласил само Вранишковски и две физички лица, а сите останати се ослободени од вината. Истовремено судот одлучил да конфискува и градежно земјиште во вредност од 140.000 евра.

Вранишковски е осуден на казна затвор од седум месеци, колку што помина во притвор и поради тоа тој нема да ја издржува казната.

На лицата Исајло Поповски и Васил Трајковски судот им изрекол условни затворски казни.

На пресудата на основниот суд, реагираше Јовановата ПОА, посочувајќи дека судот воопшто не го ценел препораките на Врховниот суд.

– Никој од Православната Охридска Архиепископија сè уште не ја добил пресудата, но од она што беше како на пазар соопштено во судот, разбирливо е дека судот не ги почитувал препораките на Врховниот суд, кои беа јасни и недвосмислени: „со сигурност да се утврди дали парите за кои обвинетите беа обвинети дека ги переле, потекнуваат од конкретно кривично дело кое претходно го извршил првоосудениот Јован Вранишкоски”. Од сите докази што беа изведени на судската расправа јасно е дека не постојат пари што можеле да бидат предмет на перење, но судијата од друга страна мораше да ја почитува и наредбата од власта на заминување, по секоја цена да го осуди Архиепископот Јован. Бидејќи не можеше да го осуди само него, зашто тој не беше обвинет дека сам ги перел парите, како колатерална штета беа осудени и Исајло Поповски и Васил Трајковски. Добро во сето лошо е што барем другите обвинети се ослободени и на здружението „Анастасија“ ќе му бидат вратени 80.000 евра, стои во соопштението на ПОА.

Инаку, Вранишковски предвремено беше ослободен од затвор по иницијатива на рускиот патријарх Кирил. Ослободувањето на Јован беше предуслов за почеток на разговорите меѓу МПЦ и СПЦ, кои сепак се уште не се случија. Јовановата ПОА сега вели дека и покрај осудителната пресуда, тие нема да го блокираат евентуалниот почеток на разговрите меѓу МПЦ и СПЦ.

/Религија.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *