Почетна Вести Христијанство Вранишковски: Македонија е јуриздикција на СПЦ, Украина не е на Руската црква
Вранишковски: Македонија е јуриздикција на СПЦ, Украина не е на Руската црква

Вранишковски: Македонија е јуриздикција на СПЦ, Украина не е на Руската црква

534
1

Јован Вранишковски, поглаварот на ПОА, дел од СПЦ во Македонија изјавил дека Македонската православна црква не може да бара автокефалност како во случајот на украинската, затоа што Српската православна црква, за разлика од руската, имала документ со кој ја поседува јуриздикцијата врз Македонија, а Руската црква немала таков документ за јуриздикција врз Украина.

– Треба да биде јасно дека оваа црквена територија, без разлика на тоа дали на неа се наоѓа државата Македонија, официјално ѝ припаѓа на СПЦ. Едноставно, за ова си постои документ, нешто што, на пример, го нема Руската црква за територијата во Украина. МПЦ-ОА еднаш се обиде преку Бугарската православна црква (БПЦ) да добие автокефалност и не успеа. Потоа се обиде преку Цариград и повторно не успеа. Зошто? Затоа што само СПЦ е надлежна и само со СПЦ може да преговара. Ако не беше така, тогаш зошто во 2002 година течеа преговорите со СПЦ за потпишување на Нишкиот договор? Зошто не течеа со Бугарија или со Цариград?, изјавил  Јован.

Тој вели дека очекувал вселенскиот патријарх Вартломеј да изјави дека МПЦ не треба да очекува автокефалност, затоа што, покрај другото, тој сака да ги смири тензиите со Руската православна црква и да ја придобие довербата од СПЦ во овој период

– Затоа сметам дека во неговата изјава нема ништо ексклузивно, бидејќи отсекогаш беше кристално јасно оти ситуацијата во Украина не може да се споредува со ситуацијата во Скопје – вели Вранишковски.

/Фактор.мк

Коментар(1)

  1. Ауууу!
    Заедно со менторката од Белград го напушти сојузништвото со Русите што го ослободуваа од затвор. Ајде, пу-пу не важи, ја пуштија по вода Голема Русија! Леле-леле, сега им го заврти грбот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *