Почетна Анализа Вранишковски контра Вселенскиот патријарх и македонските црковни интереси – не сака автокефална црква во Македонија и во Укарина
Вранишковски контра Вселенскиот патријарх и македонските црковни интереси – не сака автокефална црква во Македонија и во Укарина

Вранишковски контра Вселенскиот патријарх и македонските црковни интереси – не сака автокефална црква во Македонија и во Укарина

1.99K
3

Јован Вранишковски смета дека Македонија не треба да има своја автокефална црква и дека територијата на денешната држава Македонија, е канонско подрачје на Српската црква и така треба да остане.

Вранишковски, во изјава за белградска политика ја анализира најновата состојба во Украина и во Македонија и е против иницијативата на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за решавање на деценискиот проблем во овие држави со признавање на автокефани цркви.

Вранишковски, кој во текстот е опишан како претставник на српските цркви во Македонија, вели дека Вселенската Патријаршија нема право да се меша во Украина и во Македонија, затоа што тоа се јуриздикциски подрачја на Руската и на Српската црква.

-Во случајот со Македонија, Вселенската патријаршија ја отстапила јурисдикцијата на територијата каде се наоѓа Охридската Архиепископија на Српската Православна црква со Томос кој е издаден 1922 година. Не може сега тоа некој да го одзема, бидејќи тоа би создало многу големи проблеми, а би било и непринципиелно, изјавил Вранишковски за Политика, посочувајќи дека постоел канон кој предвидувал дека ако една состојба во Црквата потрае подолго од 30 години, тогаш таа состојба не се менува, освен ако две цркви не се согласат за тоа.

-Тоа е одговор и на украинското и на македонското прашање. Во Украина таа состојба треа подолго од три века, во Македонија повеќе децении и толку време се тие јуриздикциско подрачје на руската, односна српската црква. Мислам дека ова што се случува во Украина е само обид и се надевам дека нема да дојде до создавање автокефалност на црквата во Украина, бидејќи тоа сериозно би ги пореметило односите во целото православие, вели Вранишковски за Политика.

Вранишковски се повикува на канон, но истовремено заборава дека состојбата во Македонија не е таква каква што тој сака да биде. Впрочем, многу повеќе од 30 години, односно 77 години, СПЦ нема никаква формална, ниту суштинска јуриздикција во Македонија, што пак му дава легитимно право на Вселенскиот патријарх да се повика на истиот канон, на кој се повикува Вранишковски и да ја формализира новата ситуација која трае цели 77 години, прифаќајќи ја реалноста за посебноста на МПЦ-ОА.

Коментар(3)

  1. Жално е што србите се сеуште уназадени во тоа прашање и граѓаните упорно го заборавааат братољубието и додаваат презир врз презирот,Заслепени од Историјата ,Србите многу сакаат и да ја нарекуваат македонија Јужна Србија заборавајки ги границите и посебноста на нацијата и јазикот кој самите си ги влoшуваат односите со мак и povrzanoto прашање за Косово.
    Македонија неодамна му исплатила на Вранишковски 15 000 евра оштета,а проневерата и украдените пари од МПЦ сеуште ги нема вратено ,ова го може само во мак!!!

  2. Се виде ли колку лошо се заплетка? Без око да му трепне би жртвувал цели две живи помесни Цркви, само него да го биде. Голем богослов и пастир, поголем здравје?!

  3. Директно од нечестивиот испратен … не заслужува ни коментар, ни внимание … има мајка, има роднини, има парохија … нека си прави тоа што си прави … за грев …

Напиши одговор на Ангелина Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *