Почетна Вести Христијанство Вранишковски ја „победи“ Македонија во Стразбур
Вранишковски ја „победи“ Македонија во Стразбур

Вранишковски ја „победи“ Македонија во Стразбур

2.32K
0

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур донел пресуда во полза на Православната охридска архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски, а Република Македонија ќе мора да исплати 9.500 евра обештетување на ПОА, поради одбивање да изврши регистрација на ПОА.

Со пресудата се констатира дека со одбивањето на надлежните во Македонија да се регистрира ПОА како посебна верска заедница, се прекршени членот 11, за слободата на собирање и на здружување, во врска со членот 9, кој се однесува на слободата на мислата, совеста и на религијата, од Европската конвенција за човекови права.

Со пресудата од Стразбур, Република Македонија како тужена и одговорна држава е задолжена да ѝ исплати на ПОА 4.500 евра како надомест на нематеријалната штета, како и дополнителни 5.000 евра за трошоците и за издатоците направени при оваа постапка пред ЕСЧП.

Хелсиншкиот комитет ја почнал постапката во името на ПОА, наведувајќи дека двете барања за регистрација на ПОА како верско здружение биле одбиени од македонските институции.

-ЕСЧП нагласува дека јавното мислење на државата не треба да биде заштитено на штета на малцинските ставови, така што ниту огромната важност што автокефалноста на МПЦ ја има за нејзините верници и поддржувачи, не може да го оправда преземањето мерки што би го спречиле апликантот сеопфатно и безусловно да почне со каква било религиозна активност. Токму врз таа основа, имајќи ја предвид потребата од одржување на религискиот плурализам, во ситуација на каков било конфликт помеѓу или во рамките на самите верски групи, Судот во Стразбур експлицитно го осуди преземањето превентивни мерки со кои би се сузбила слободата на собирање и на изразување во едно демократско општество“, констатира Хелсиншки комитет.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *