Воскресението Христово – Велигден беше прославено и во црквите на Брегалничката епархија. Од епархијата велат дека Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички Иларион, го донесе Благодатниот оган во Брегалничката Епархија, изврши литија и го поздрави многубројниот верен народ со најрадосниот поздрав “ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!”
-Потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Воскресна Утрена Богослужба и Пасхална Света Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!, велат од Епархијата.









