Почетна Вера Водици во Пелагинија
Водици во Пелагинија

Водици во Пелагинија

134
0

Трите пелагониски општини, Битола, Новаци и Могила со свечени собири во храмовите на преспанско-пелагониската епархија и со фрлање на Светиот крст го одбележаа празникот Водици.

Централната свеченост во Битола се одржа во Соборниот храм „Св. Димитриј“  каде по богослужбата што ја приреди митрополитот г. Петар дваесеттина момчиња скокнаа по Светиот крст во црковниот базен, а годинава најсреќен беше Зоран Елисковски, 28-годишно момче од Битола.

Во општина Новаци, празникот Водици беше одбележан во дворот на црквата  „Св. Атанас“ каде учествуваа 25 момчиња, од нив и две момчиња од Австралија, а најсреќен годинава е Јован Боглев кој доби пригоден подарок од градоначалникот Лазар Котевски.

Во општина Могила за прв пат Водици беше организиран во новоуредениот простор на речното корито на реката Шемница. Во фаќањето на Светиот крст учествуваа  17 момчиња, а годинава најмногу среќа имаше највозрасниот, 56-годишниот Душан Димовски кој и пред  седум години го фатил Светиот крст на Водици.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *