Почетна Вести Европа Водици во Фанар: Турчин кој бил крстен христијанин го фати крстот Истанбул

Водици во Фанар: Турчин кој бил крстен христијанин го фати крстот Истанбул

286
0

Триесет и шест годишен Турчин кој го прифатил христијанството го фати крстот за време на церемонија за осветување на водите во Златниот рог (залив на границата меѓу Босфор и Маморното Море).

Виктор за првпат го фати светиот крст при осветување на водите во Фанар, церемонија со која раководеше вселенскиот патријарх Ватоломеј. Во изјава Виктор се осврнува на неговата голема желба да го фати крстот и да го прими благословот, истовремено објаснувајќи ги причините зошто избрал да стане христијанин. „Многу сум среќен и имам добра година. Јас сум христијанин…Оваа вера е поблиска до мене. Решив да го изберам христијанството бидејќи тоа е религија поврзана со ова место.Оваа вера има многу длабоко вкоренета историја, додаде тој.

Виктор е крстен христијанин во Турција, што е исклучително ретко и вели дека е горд на тоа. Многу млади луѓе од Грција и Истанбул скокнаа во водите за да го фатат крстот. Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу испрати цвеќе на Фанар, јавија локалните медиуми

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *