Почетна Вести Христијанство Воденичаров: Признавање на МПЦ како наследник на охридската архиепископија од страна на БПЦ би било исклучително корисно
Воденичаров: Признавање на МПЦ како наследник на охридската архиепископија од страна на БПЦ би било исклучително корисно

Воденичаров: Признавање на МПЦ како наследник на охридската архиепископија од страна на БПЦ би било исклучително корисно

571
0

Признавањето на Македонската црква за наследник на Охридската архиепископија од страна на Бугарската црква ќе помогне во надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји, вели бугарскиот академик Стефан Воденичаров. За да се дојде до еден таков чин, тој смета дека е потребна голема мудрост од двете страни, од двете цркви, бидејќи и БПЦ и МПЦ имаат голема одговорност кон своите верници.

-Ако дојде до признавање на македонската црква за наследник на ОА, која беше заедничка, тоа ќе биде од исклучителна корист. Така ќе се овозможи прашањата поврзани со духовноста на секој еден граѓанин на двете држави, да бидат на некој начин насочени кон главната цел да се прескокнат бариерите наталожени низ годините, изјави Стефан Воденичаров, академик на БАН.

Поранешниот претседател на Бугарската академија на науките цени дека ова е момент кој треба да биде препознаен и правилно искористен и од политичарите.

-Ова е историски момент и ако се направи еден таков чекор тој ќе влезе во историјата, а и луѓето што ќе учествуваат во него ќе влезат со светли имиња во историјата. Можеби треба токму на таков начин да се пристапи кон политичарите, нивното внимание да биде насочено, да посветат малку време за решавање на такви прашања и да помогнат во еден таков процес, смета Воденичаров.

Од МПЦ го поздравуваат ставот на бугарскиот академик, но засега не ги коментираат ваквите најави, со цел да не влијаат на таквите иницијативи. Нивниот став е дека сите православни цркви треба да ја признаат автокефалноста на МПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *