Во Вевчани пречекани иконите на македонските светители Спасе Вевчански и Спаса Вишенска

Date:

Share post:

Во Вевчани денеска пред почетокот на светата литургија, со која началствуваа парохискиот свештеник отец Ромео Петрески и свештеникот од храмот „Св. Ѓорѓија“ од Струга, отец Христијан Костоски, беа дочекани иконите на сеправославниот македонски светител, Спасе Вевчански и неговата света сестра, Спаса Вишенска.

Како што посочуваат од храмот „Св. Никола“ од Вевчани, Св. Спасе Вевчански живеел и се подвизувал на Бога во манастирот „Св. Спас Горни“ во Вевчани, кој е посветен на Вознесението Христово – Спасовден.

– Голема е радоста денеска што го дочекавме овој голем светол и историски чин, се радувам на вашите солзи радосници со кои се поклонувате пред светава икона на нашиов Свети Спасе Вевчански и на Света Спаса Вишенска. Вакви моменти еднаш во животот човек може да ги доживее ако има среќа и затоа, радувајте се, посочил на проповедта парохискиот свештеник отец Ромео Петрески.

Како што стои во соопштението, после светата литургија за сите верници во дворот на црквата била организирана закуска, која била донација од сите вевчански угостителски објекти.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...