336
0
Голем број православни верници имаат можност и годинава да се поклонат пред моштите на Свети Василиј велики во Струмица во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ .
И оваа година дел од моштите на овој Светител кои ги има МПЦ-ОА беа изложени во неделата за време на вечерната Богослужба, а ќе бидат изложени и денеска понеделник за време на утринската Богослужба.
Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Роден е од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.