Почетна Анализа Во спомен на првиот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Во спомен на првиот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Во спомен на првиот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија

1.82K
2

Македонската православна црква одбележа 40 години од смртта на првиот митрополит на дебарско-кичевската епархија по возобнувањето на Охрдската Архиепископија во ликот на Македонската православна црква.

Архиепископот Стефан, заедно со домаќинот Митрополитот Тимотеј и повардарскиот Митрополит Агатангел, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско на 28 февруари 2016 отслужија  света архиерејска Литургија.

Со Архиереите на МПЦ сослужувале и архимандритот Нектариј, игуменот Агатон, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконите Антонио Дујовски и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски.

НОСИТЕЛ НА ДРЕВНАТА ВЕЛИЧКА ТИТУЛА

Митрополитот Методиј е еден од првите четворица Епископи на МПЦ избран по нејзиното возобновување. Избран е како епископ Велички на 13 март 1966 година, а во 1968 година е востоличен за прв митрополит на Дебарско-кичевската епархија со која управува се до неговата смрт на 25 февруари 1976 година.

Ѓорѓи Поповски, како Митрополит Дебарско Кичевски
Ѓорѓи Поповски, како Митрополит Дебарско Кичевски

Роден е како Ѓорѓи Попоски на 27 март 1914 година во Прилеп. Завршил шестокласна Богословија во Битола и Филозофски факултет, група историја, во Скопје.

На 27 октомври 1936 година, бил ракоположен за ѓакон, а за свештеник бил произведен во јули 1937 година.

Од 1941 година е парох на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп, каде што остананал се до неговото монашење.

Бил замонашен од тогашниот Поглавар на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј, во а „Свети Наум“ во Битола, на 12 февруари 1966 година.

Наречението и хиротонијата биле извршени на 12 и 13 март 1966 година во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп и тоа од Архиепископот Доситеј и тогашните Епископи на Македонската Православна Црква, Преспанско-битолскиот г. Климент и Злетовско-струмичкиот г. Наум.

Откако извесен период поминал на должноста викарен Епископ, со Синодска одлука бр. 25, записник 9 од 18 јули 1967 година, бил назначен за епархиски Архиереј на Величката епархија со седиште во Охрид, Епархија, која подоцна е преименувана како Дебарско-Кичевска

Хиротонија на Методиј во Епископ Велички
Хиротонија на Методиј во Епископ Велички

Тој е еден од петтемина членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, кои ја потпишаа историската одлука, донесена од учесниците на третиот Црковно-народен собор, одржан во Охрид, од 17 до 19 јули 1967 година.

Неговото тело почива во дворот на црквата „Пресвета Богородица-Каменско“ во Охрид

ВЕЛИЧКАТА ЕПАРХИЈА Е ПОЧЕТОК НА МАКЕДОНСКАТА ЦРКВА

Епископот Велички, Методиј со владици на СПЦ
Епископот Велички, Методиј со владици на СПЦ

Методиј е еден од многуте архиереи во историјата на Охридската Архиепископија, а денес МПЦ кој ја носел титулата Велички. Тоа е првата титула што ја имал и основоположникот на Охридската Архиепископ, Свети Климент Охридски.

Оваа македонска епископија од страна на црковните историчари се смета за прва организирана Црква на Балканскиот Полуостров.

Точната местоположба на Величката епархија се уште не е до крај разјаснето и постојат различни мислења, а најверојатно е дека ја опфаќала територијата од Охрид, по реката Tреска  до Скопје.

Во МПЦ титулата на оваа епархија се доделува само на викарни архиереи. Светиклиментовата Величко-дремвитска епархија имала чист старомакедонски словенски карактер, се богослужело и администрирало на старословенски јазик и била почетокот на автокефалната Охридска архиепископија.

Според некои научници седиштето на епархијата било во Охрид, и се именувала како „Ве­лич­ка епархија“. Нејзиното име „Величка“ е добиено според името на реката „Велика“ или „Голема Река“. Тоа е исто како и современиот пример на именување на епархиите според имињата на реките, како што се: Брегалничката, Повар­дарската епархија и сл.

Метдој како Митрополит дебарско-кичевски со верници во Охрид
Метдој како Митрополит дебарско-кичевски со верници во Охрид

Велич­ката епархија на свети Климента се простирала по течението на Велика Река – Голема Река – Треска, до Скопје.

Според некои извори пак Величката епархија ја покривала територијата на некогашната Велика Моравија.

ГАЛЕРИЈА ОД ЛИТУРГИЈАТА ВО ОХРИД:

Коментар(2)

  1. PRILEP OD SEKOGAS DAVAL GOLEMI LUGE VO CRKOVNIOT ZIVOT NA MAKEDONSKATA PRAVOSLAVNA CRKVA ,ZA ZAL VO POSLEDNIVE 20 GOD NIKOJ OD NIV NE DOBI DOSTOJNO VNIMANIE.SE NADEVAM DEKA OVA VO IDNINA KE SE PROMENI I VISTINSKITE LUGE KE DOJDAT DO PRIZNANIE A NE MANIPULANTITE I UCENUVACITE DA GI UNISTUVAAT NIV

  2. UBAVO E KOGA SE KOMENTIRA POZITIVNO. PREMA SOODVETNIOT TEKST KOJ E GOLEMA VISTINA I ISTORIJA. NO NE TREBA VEDNAS DA SE KRITIKUVA I OSUDUVA. GOLEMITE LICNOSTI SEKOGAS KE BIDAT GOLEMI. BEZ RAZLIKA DALI KE DOBIJAT GOLEMI TITULI. POFALETE STO IMATE DA POFALITE. NE KRITIKUVAJTE I OSUDUVAJTE.

Напиши одговор на Georgi Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *