Почетна Вести Ислам Во Скопје одбележан Светскиот ден на хиџабот
Во Скопје одбележан Светскиот ден на хиџабот

Во Скопје одбележан Светскиот ден на хиџабот

212
0

Во Скопје беше одбележа 1 февруари, Светскиот ден на хиџабот, во чии рамки низ повеќе земји во светот се организираат разни активности, јавува Anadolu Agency (AA).

На панел дискусијата насловена „Тоа е нивниот избор“, организирана од страна на Сојузот на студенти Албанци, присуствуваа преставници на невладини организации, студенти и голем број гости.

Во своите говори панелистите зборуваа за Светскиот ден на хиџабот кој беше инициран во 2013 година за охрабрување на жените од сите религии и потекла денес да носат хиџаб во знак на поддршка на муслиманските жени.

Претседателката на невладината организација Легис, Мерсиха Смаиловиќ рече дека денешниот ден е светески познат ден, Меѓународниот ден на хиџабот и не го означува само правото муслиманките да носат марама, туку и денот кога и другите жени што треба да се солидаризираат со жената муслиманка.

Според неа, во светски рамки тоа изгледа многу интересно кога и немуслиманките и муслиманките тој ден носат марама за да видат како е да се биде во чевлите на една муслиманка и да се соочат со сите предрасуди и дисркиминации кои таа ги претрпува. Информираше дека на панел дискусијата ќе говори за нејзината приказна, за нејзиниот избор да носи марама и за предизвиците со кои се соочила како и за предностите во општеството со кои се соочила.

„Пораката и на самиот панел е многу интересна а тоа е ‘мој избор’, мојот избор да носам марама или мојот избор да не носам. Мојата порака би била секој да го живее животот онака како што тој сака, онака како што таа сака да живее и самата да има прилика да бира каков живот сака да живее”, истакна Самиловиќ.

Нермине Хамиди, потпретседателка на Сојузот на студентите Албанци, во изјава за АА рече дека темата на оваа активност е „Тоа е нивниот избор“, и дека една жена со марама може да има професионална кариера, без да биде спречувана од другите околности.

„Порака на оваа активност е дека жената има вредност и вештини, и на ниту еден начин не треба да биде изложена на предрасуди поради нејзиниот изглед. Што се подразбира дека хиџабот не ја спречува неа да ги покаже своите вештини. Напротив, треба да дејствува слободно, и да даде придонес во таа област во која е добра“, порача Хамиди.

Мерал Мусли Тајроска, амбасадор на невладината организација „Women Without Borders“ во Македонија нагласи дека со гордост ја носат марамата и покрај сите предизвици со кои се соочуваат жените муслиманки со марама.

„Има многу пораки меѓутоа пред се би сакала да им кажам на жените којшто носат марама да не се сомневаат во себе, секогаш да имаат самодоверба, дека оваа е само нашиот симбол којшто го носиме со гордост, и дека може да се постигне се што ќе се посака.“ порача таа.

Во бројни градови во светот и во регионот, меѓу кои и во Тирана и Подгорица различни активности беше одбележан Светскиот ден на хиџабот.

Назма Кан со потекло од Бангладеш која живее во САД, во 2013 година го започна одбележувањето на Светскиот ден на хиџабот со цел да ја подигне свеста за хиџабот поради тоа што се соочила со предизвици во нејзиниот секојдневен и образовен живот затоа што носела хиџаб.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *