Почетна Анализа Во што веруваат претседателските кандидати на САД?
Во што веруваат претседателските кандидати на САД?

Во што веруваат претседателските кандидати на САД?

460
0

Иако американското општество, во основа се декларира како секуларно, сепак во суштина тоа е општество во кое религиските и верски елементи имаат свое значење. Неодамна, „Религија.мк“ го објави истражувањето на „Пју истражувачкиот центар“ во кое стои дека повеќе од 51% од Американците на да гласаат за  кандидат кој не е верник. Иако постојано бројот на „анфилејтед“ (неприврзаници кон ниту една религија), постојано расте во САД, сепак се уште религиската важност за општеството е значајна.

Втор значаен момент е што во оваа предизборна кампања во САД религијата добива значаен сегмент во настапите на претседателските кандидати и на Републиканците и на Демократите. Особено значајна е нивната улога во реториката која се однесува на исламот и светските политички текови поврзани со муслиманите.

И претседателот, Барак Обама, завчера од Џамијата во Балтимор, мораше да апелира до претседателските кандидати да ја исклучат анти-муслиманската реторика во своите говори.

Претседателските кандидат пак, во основа не зборуваат за својата верска и религиска припадност, но тие сепак имаат свои приватни верски обедувања.

Ова е краток водич за религиските елементи на седуммина претседателски кандидати.

1.ЏЕБ БШ

Семејството Буш во суштина се христијани, но секој член припаѓа на различна црква.

Џеб Буш е католик, неговиот татко Џорџ е член на Епископалната Црква (дел од англиканската црква), неговата мајка Барбара е Презвитерианец, а неговиот брат Џорџ е член на евангелстите.

Џеб Буш се приклучил на Католичката црква во 1995 година по првиот неуспешен обид за гувернер на Флорида.

Буш е познат по тоа што владее според својата вера и убедувања. Ја поддржува верската слобода и цврсто верува во традиционалните браков

2. БЕН КАРСОН

Бен Карсон бил крстен два пати. Еднаш како член на Адвентистичката црква. Вториот Неговото крштевање беше на возраст од 12 години, кога тој веќе може да ја “разбере” религијата.

И покрај тоа што е посветен член на неговата црква, тој смета дека односот со Бог е позначајна врска од  членството во било која религија.

Тој е неврохирург, но признал дека се моли пред и по секоја операција. Со таа негова изјава стана многу популарен.

Цврсто верува на верската слобода. Но, кога станува збор за исламот или муслиман да стане претседател, тој наведува дека тоа би било спротивно на Уставот на САД.

3.ХИЛАРИ КЛИНТОН

Таа и нејзиното семејство се дел од Методистичката црква. Голем дел од своите говори, каде има поврзаност со верата и религијата се вртат околу  нејзините застапувања за човековите права, децата, жените и социјална правда.

За Клинтон , најважни религиозни заповеди се да сакањето на Бога, почитување на Христовите учења, и љубовта кон другите луѓе.

Но, во својата желба за унапредување на правата на жените, таа често ја нагласува потребата за промена на христијанските кодови, со цел нивно приспособување кон одредени прашања како абортусот.

4.ТЕД КРУЗ

Тед Круз е најрелигиозната личност кома може да се идентификува меѓу претседателските кандидати за изборите во 2016 година во САТ. Тој е член на Евангелистичко-христијанската црква, водено е и син на свештеник. Во сите свои говори во кампањата, тој никогаш не се повикува во името на Бог.

Тој, исто така, силно ги поддржува конзервативните и христијанските гледишта на повеќето политички и социјални прашања, како имиграцијата, контрола на оружјето, истополовите бракови. Итн.

Иако популарноста му е резултат и на големата побожност, сепак исто толку е и критикуван поради тоа.

5.МАРКО РУБИО

Има искуство од три различни христијански цркви. Роден е и крстен како католик.  Три години бил дел од црквата на мормоните. Потоа во „Јужната баптистичка црква“ и на крајот конечно се  пронашол во католицизмот.

Тој верува во учењата на црквата, освен кога станува збор за католички ставови за климатските промени и потеклото на земјата, каде што тој ја изразува својата поткрепа кон науката.

Тој, исто така ги поддржува традиционалните христијански гледишта за социјалните прашања, како на пример истополовите бракови и абортусот.

6.БЕРНИ САНДЕРС

Ако биде избран, Берни Сандерс ќе биде првиот нерелигиозни претседател на САД. Во Соединетите американски држави дошол од еврејско-полска фамилија која го избегнала Холокаустот за време на Втората светска војна.

Иако роден и израснат како Евреин, тој себе си се смета за Евреин само во културна или традиционална смисла.

Сандерс има силни социјалистички ставови, особено во промовирањето на општото добро.

Иако е нерелигиозн, тој често духовно ги прати вредностите и нормите како „Златното правило“ на Конфучие. Интересен е податокот дека за него еден од идолите е папата Френциск, кому му се восхитува поради постапките за  унапредување на благосостојбата на многу луѓе, особено на сиромашните.

7.ДОНАЛД ТРАМП

Последн на оваа листа е Доналд Трамп. Се смета како презвиторианец, или конзервативен христијанин, иако повеќето луѓе не ја „купуваат“ таква идеја.

Трамп ја користи религијата и Господ во речиси сите кампања и настани. Тој, исто така ја користат религијата за да ги напаѓаа ривалските кандидати. Таков му е пристапот и кога зборува за решавањето на одредени прашања како имиграцијата и тероризмот.

Трамп вели дека тој ќе присуствува редовно на црковни служби, неговата омилена книга е Библијата.

Доналд Трамп е најексплицитен и во тоа што постојано зборува против Исламот. Го дефинираат како број еден непријател на исламот во САД. Тој честопати ја пишува оваа религија како зло.

М.Н.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *