Почетна Вести Во Рим отворена изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“
9
13
15
11
7
3
2
1

Во Рим отворена изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“

125
0

Во чест на Мајка Тереза синоќа во црквата „Свети Станислав“ во Рим свечено беше отворена изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“.

1Изложбата на фотографии и текстови за животот и делото на Мајка Тереза е во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

2Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, обраќајќи се на свеченото отворање пред бројните гости, јави известувачот на МИА, истакна дека оваа изложба претставува еден мал придонес на нашата држава во одбележувањето на историскиот чин – прогласувањето на Мајка Тереза за светица.

– Денеска Мајка Тереза со својот живот и дело се впиша во вечната книга на светителите, таа стана пример за предано служење на Бога, симбол на милосрдието, на добрината и хуманоста. Денеска сите ние сме особено горди што нашата сограѓанка со својата оставнина повторно ги обедини добронамерниците од целиот свет кои, со длабока и неизмерна почит во нејзината личност и дело, препознаваат надеж и верба во иднината на човештвото, рече Канческа Милевска.

Таа додаде дека токму затоа една од заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура во изминатите години беше на достоен начин да се оддаде почит кон делото на Мајка Тереза која, како што рече, остави наследство кое имаме обврска да го опредметиме.

Во тој контекст министерката за култура потсети дека токму во чест на блажената Мајка во Скопје, нејзиниот роден град, е изграден Спомен домот на Мајка Тереза кој, рече, беше наш подарок до светот, влог на граѓаните на Република Македонија во промовирањето и афирмирањето на сите добрини што ги даруваше.

3Канческа – Милевска ги информираше присутните гости дека во Македонија, во чест на канонизацијата на Мајка Тереза за светица, се реализираат низа религиозни, културни и научни настани во организација на повеќе црковни, владини и државни институции, под наслов „Денови на света Мајка Тереза“.

7Сепак, истакна дека еден од централните настани во ова одбележување на канонизацијата е токму оваа изложба која овозможува на италијанската и светската јавност да им презентира значајни историски моменти од животниот пат и мисионерското дејствување на Мајка Тереза, кои, како што рече, се сведоштво за нераскинливата врска помеѓу Република Македонија и големата хуманистка.

11На изложбата се претставени неколку тематски целини, паноа на кои се илустрирани впечатливи фотографии, документи и наративен текст придружен со најдлабоките размисли на Мајка Тереза, експонати кои ги претставуваат нејзиното детство и младост, семејството и блиските пријатели, нејзиното Скопје…

15Во рамките на изложбата „Мајка Тереза – светицата од Скопје, светицата на светот“, беше прикажан и документарниот филм на продуцентската куќа Вардар Филм, во кој е претставена нејзината хумана мисија, како и посетата на родниот град.

13На свеченото отворање на изложбата имаше голем број гости, поддржувачи на делото на Мајка Тереза, меѓу кои и претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, митрополитот Европски господин Пимен, Алојз Гомбар, претставник од фамилијата на Мајка Тереза, како и претставници на дипломатскиот кор во Италија.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *