Почетна Вести Во Радовиш спречена програмата за пратеникот Мухамед?
Во Радовиш спречена програмата за пратеникот Мухамед?

Во Радовиш спречена програмата за пратеникот Мухамед?

527
1

Агенцијата Анадолија објави вест во која се посочува дека во Радовиш било спречено одржувањето на програмата „Неделата на раѓањето на пратеникот Мухамед”.

Советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, Мурат Алкан, за АА изјавил дека програмата што се организира од 1989 година, оваа година се организира и во Македонија на темата „Пратеникот Мухамед и доверливото општество“. Алкан потсетил дека завчера во Скопје била организирана програма во организација на Турската фондација за верски прашања и Сојузот на турските невладини организации (МАТУСИТЕБ), и додал дека и во градот Радовиш за вчера било планирано да се одржи таква програма.

Според Алкан, програмата требало да почне во 19:30 часот, а околу час и половина пред почетокот на програмата салата не била отворена. Подоцна откако влегле внатре, се соочиле со недостиг на електрична енергија.

-Телефониравме до општинските службеници, но не успеавме да контактираме со никого. На студеното време беа нашите сонародници и верниците од источниот дел на Македонија кои дојдоа од селата. Треба да се најде решение за ова, изјавил Алкан за А.А, посочувајќи дека тие не се откажале од организацијата на програмата, и дека ја реализирале во „Нова џамија” во градот Радовиш.

/А.А.

Коментар(1)

  1. Znaci se odvivaat paralelni aktivnost vo Makedonija i islamizacija i albanizacija. Toa e dobra idnina na makedonija. –da se dovrsi ona sto nekogas bilo onevozmozeno– isteruvanje na petvekovniot porobuvac na makedonija i na makedonskiot narod a sega modernite- sovremenite politicari siroko mu gi otvaraat vratite za da si ja ivrsi zapocnatatta , pred pet – sest vekovi, rabotata.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *