Почетна Вести Регион Во Подгорица денеска ќе биде погребан митрополитот Амфилохие
Во Подгорица денеска ќе биде погребан митрополитот Амфилохие

Во Подгорица денеска ќе биде погребан митрополитот Амфилохие

107
0

Денеска ќе биде погребан митрополитот црногорско-приморски, Амфилохие, во криптата на Соборниот храм во Подгорица, а Светата литургија ќе ја предводи српскиот патријарх Иринеј.

На погребот ќе присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а пристигнувањето го најавил и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Ковчегот со посмртните останки на Цетињенскиот архиепископ и митрополитот црногорско-приморски, вчера бил предаден во Подгорица и изложен во Црквата Христово воскресение, каде што го посетиле голем број граѓани за да му оддадат почит.

Телото на митрополитот ќе биде во храмот до погребот, а цело време граѓаните што сакаат да се збогуваат од Амфилохије ќе можат да го сторат тоа во поворка.

Според неговата желба, Амфилохије ќе биде погребан во криптата на Соборниот храм во Подгорица, а гробот во кој ќе почива е подготвен за неговиот живот.

Епископскиот совет упатил апел до сите учесници во збогувањето со митрополитот да се придржуваат до сите пропишани здравствени мерки за заштита од коронавирус.

Црногорскиот јавен сервис РТЦГ директно ќе ја следи поворката и ќе известува за погребот, објавила Митрополијата црногорско-приморска.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *