Во нашето славење и радост да ги вклучиме и сите луѓе кои имаат наша потреба

Date:

Share post:

Денес, го завршуваме месецот Рамазан, кој е почетна точка на нашето вечно патување кон Божествената Светлина, која се појави токму во овој месец и која ќе свети засекогаш. Во овие моменти жалиме затоа што се одвојуваме од овој благословен месец, но истовремено сме и многу горди, бидејќи со пост и намаз, со молитви и добрина, триумфирајќи над злото и лошото успеавме да бидеме попосветени на нашиот Милостив Творец.

Денес се молиме на Господ, како што Тој нè научил

„Господе наш, не дозволувај нашите срца да отстапат откако нè упати на правиот пат, и дај ни од Твојата милост, зашто Ти си навистина голем дарител.“ (Али Имран-8)

Да се биде побожен припадник на исламот и да се извршува со најголема посветеност месецот Рамазан значи да се биде чист во намерите и целите, чист во срцето и душата, чист во животот со луѓето и светот кој ве опколува, стрплив при провокации и цврст пред предизвиците на животот, близок до луѓето, праведен во секојдневниот живот, простувач на пропустите и вистински помошник на луѓето.

Браќа и сестри, драги верници!

Во овие празнични денови на Бајрам, ќе му се заблагодариме на Возвишениот Алах за тоа што ни овозможи да го постиме Рамазан и за благодатите што ни ги подарил. Но, да не заборавиме: во нашето славење и радост да ги вклучиме и сите луѓе кои имаат наша потреба: сиромашните, бездомниците, сирачињата, но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, сме задолжени со давање на садакатулфитр, за што Мухамед алејхи селам рекол дека со давање на садакатулфитр го прочистуваме нашиот пост. Исто така, со давањето на Фитр ги зајакнуваме институциите кои се одговорни за исламските учења и кои помагаат на луѓето кои имаат потреба од помош.

Денес, на овој радосен и среќен ден на Фитр Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Семоќниот Алах за да ни даде сила на иманот, да ни даде храброст за опростување и помирување, да ни даде насмевка со другите, да ги отвориме патиштата на надежта за иднината, да бидеме цврсти во нашето патување да негуваме уште посветла сегашност и иднина, со која ќе ги правиме среќни и сиромашните, сираците, луѓето кои имаат проблеми, така да, денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè – благодарение на Возвишениот Алах.

Го молиме Возвишениот Алах да ни ги прифати сите добри дела и молитви што сме ги направиле за време на месецот Рамазан.

Го молиме Возвишениот Алах да престанат сите вооружени конфликти во светот, да владее мир насекаде, бидејќи само во мир човештвото може да оди напред кон нови случувања, за доброто на сите луѓе, без разлика на раса, пол, вероисповед или етничка припадност.

Браќа и сестри!

Каде и да сте, дозволете ми, во име на Исламската верска заедница, нејзините органи, нејзините образовни институции и во мое лично име, да упатам искрени честитки, молејќи го Семоќниот Алах со Својата милост да ни ги прифати сите наши молитви, нашиот пост и сите наши дела направени за време на месецот Рамазан.

Нека вие е честит Фитр Бајрам.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...