Во Москва се одржал професорски форум посветен на местото на теологијата во социохуманитарното јадро на рускиот образовен систем. Настанот бил организиран со поддршка на Московскиот патријархат и обединилпретставници од универзитетите, теолошките факултети и црковните образовни институции.
Учесниците разговарале за значењето на теологијата како составен дел од современото образование и за нејзината улога во формирањето на духовните и моралните вредности кај младите. Било истакнато дека богословието има потенцијал да придонесе кон развојот на хуманитарните науки и да обезбеди подлабоко разбирање на културните и историските процеси во Русија.
Организаторите подвлекле дека вклучувањето на теолошката мисла во универзитетските програми претставува важен чекор за унапредување на образовниот систем и зајакнување на соработката меѓу Црквата и академската заедница.

