Почетна Вести Европа Во Лион започна судењето на архиепископот Барбарин поради „непријавување сексуален напад врз малолетници”
Во Лион започна судењето на архиепископот Барбарин поради „непријавување сексуален напад врз малолетници”

Во Лион започна судењето на архиепископот Барбарин поради „непријавување сексуален напад врз малолетници”

184
0

Судењето на кардиналот Филип Барбиран (68 години) започна денеска пред Кривичниот суд на Лион. Тој е обвинет за непријавување сексуални напади врз малолетни лица и непружање помош на лица во опасност, јави дописникот на МИА.

Владиката е критикуван  дека не ги пријавил пред надлежните органи тешките сомневања за педофилија на свештеникот од неговата епархија Бернард Прејна, чии активности се предмет на посебна судска постапка – започнале пред 2002 година, датумот на доаѓањето на кардиналот во Лион. Заедно со оваа видна личност на француската католичка црква, пет други лица се повикани пред судот, вклучувајќи и двајца француски епископи и висок функционер на Римската црква, кој, повикувајќи се на неговиот имунитет, нема да се појави на судењето.

Расправата  пред судот е резултат на невообичаена постапка за случај со оваа големина: директно барање од десет лица кои велат дека биле жртви на Отецот Прејна. Обвинувањата се уште поверодостојни, бидејќи тој призна дека извршил многу сериозни злоупотреби врз многу деца.

Еден од тужителите, Александар Хезез го информирал кардиналот во 2014 за злоупотребата што ја направил овој свештеник, чија жртва бил меѓу 1983-1986. Тој беше и пред јавниот обвинител во 2015 година. Но, по неколку месеци прелиминарна истрага, за време на која кардиналот Барбарин  беше сослушан, а неговата канцеларија беше предмет на претрес, јавниот обвинител го затвори досието без натамошно дејство. Не само заради тоа што делото беше пропишано, бидејќи сите дела на Прејна, според правната анализа на судиите, не се доволно карактеризирани.

Така, одлуката за затворање на досието со датум од 1 август 2016 открива дека Хезез е „четириесетгодишно лице кое не претставува состојба на ранливост или слабост, која може да го спречи  лично да побара правда за актите на кои беше изложен”. И дека неговото обраќање до Филип Барбариан беше со цел не да се бара кривичната одговорност на Архиепископијата на Лион, туку за разрешување (на Отецот Прејна) од сите свештенички или верски служби поврзани со деца”. Во документот се забележува дека фактите ставени до знаење на кардиналот откако пристигна во Лион беа или неточни или пропишани, што го наведе  обвинителот да ја исклучи кривичната одговорност.

Судот во Лион има предвидено три дена за да го разгледа овој симболичен случај на амбивалентниот однос на Црквата кога се соочува со некои однесувања на своите слуги.

Интерпретација, која енергично се оспорува од страна на авторите на директната тужба. Според нив, свештеникот многу брзо знаел дека Бернар Прејна претставувал сериозна опасност за децата. Нивните записи нудат иновативен начин да го толкува законот, според нив, непријавувањето е „ континуирано” дело, пропишано три години откако ќе се случи.

Двајца француски бискупи, до денеска, биле осудени за прикривање изопачено однесување на свештеници педофили: Монсињор Пикан, епископ на Најо, во 2001 година (тримесечна условна казна) и Мг Фор, поранешниот владика на Орлеанс во ноември 2018 година (осум месеци условна осуда). Кардиналот Барбарин ризикува  пет години затвор и парична казна од 75.000 евра.

Еден месец по судењето во кино салите во Франција ќе излезе филмот „Благодарение на Бога” снимен во тајност од Франсоа Озон, посветен на аферата Прејнат. Ова не е документарец, протагонистите ги играат актери.

– Филмот е портрет на овие злоупотребени мажи,. Тој раскажува како тие го ослободија својот збор и какви се семејните и социјалните последици од ова. Овој филм е навистина раскажан од гледна точка на жртвите, вели режисерот Озон.

Што се однесува до неговиот дух, режисерот тврди дека „овој филм не дава одговори, но покренува многу прашања”.

– Еден од ликовите вели дека неговата борба не е против Црквата, туку за Црквата, додава Озон.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *