Почетна Политичка теологија Во која европска држава живеат најмногу муслимани?
Во која европска држава живеат најмногу муслимани?

Во која европска држава живеат најмногу муслимани?

405
0

Знаете ли во која европска држава живеат 16(шеснаесет) милиони муслимани? Не, тоа не е Франција, таму има околу 5 милиони муслимани, во Германија околу 4, а во Велика Британија има 3 милиони муслимани.

Европска земја со најголем број на муслимани е Русија, нормално, ако ја исклучиме Турција чија територија е ионака поголем дел во Азија и се рачина како муслиманска земја.

А знаете ли кој европски град е дом на еден и пол до два милиони муслимани и уште околу два милиони мигранти спрема одредени информации?

Нормално, Москва, во која муслиманите се побројни од Париз(1,5 милиони муслимани) и Лондон(милион муслимани), нормално ако повторно од ова се иземе Истанбул.

Знаете ли во која европска земја има осум илјади џамии? Ако помисливте Русија – поготивте.

Да, земја со најголем број на муслимани и џамии во Европа е Руската Федерација.

Сите овие податоци ги објавил чешкиот активист за човекови права Јурај Мешик и со право го постави прашањето: Зошто во ЕУ се плашат од муслиманите чије учество во популацијата зазема околу 3,8 проценти, додека во Русија тоа е од 12 до 15 проценти од популацијата.

Парадоксално, Европјаните се плашат со исламот дури и од некои екстремисти од Русија.

Мешик сите овие тези ги објави во светло на исламофобијата која владее во Словачка и потсети дека пред неполни две години во москва беше отворена џамија за десет илјади верници – два пати повеќе одколку што може да прими катедралата Света Елизабета во Кошице, најголемата католичка богомила во Словачка.

Мешик пишува дека Москва е метропола со најголем број на муслимани, меѓутоа московскиот регион не е најмногуброен со муслимани во Русија.

Во Чеченија, Ингушетија, Дегестан на северен Кавказ, како и на бреговите на Касприското море, муслиманите го чинат повеќе од деведесет(90%) проценти од населението.

Со право се поставува прашањето, на кого тогаш му треба целата хистерична кампања „против исламизацијата на Словачка“ се прашува во својот текст чехот и борец за човекови права Јурај Мишек?

/Balkanis.com

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *