Почетна Анализа Во кој правец гравитира МПЦ-ОА?
Во кој правец гравитира МПЦ-ОА?

Во кој правец гравитира МПЦ-ОА?

703
6

Прекинот на комуникацијата меѓу Руската православна црква и Вселенската патријаршија предизвикува дополнителни поделби и проблеми во православниот свет. Се отвора можноста да се создадат два блока цркви, кои ќе бидат на две спротивни страни, односно едните ќе ја поддржат Руската црква, а другите ќе им останат лојални на одлуките на вселенскиот патријарх. За самата православна црква тоа би значело поделба на подолг рок.

Ваквите предвидувања доаѓаат од верските аналитичари, кои сметаат дека сега Руската црква ќе се обиде да привлече што повеќе православни цркви што би ја осудиле постапката на вселенскиот патријарх, кој додели автокефален томос за Украинската православна црква. Најавената поделба на блокови меѓу православните цркви, од една страна, може да биде шанса за непризнаените цркви што со години бараат решение за својот статус. Таков е и случајот со Македонската православна црква – Охридска архиепископија која, сосема е извесно дека ќе продолжи да го поддржува вселенскиот патријарх зашто се надева дека токму тој ќе ја признае нејзината автокефалност, зашто тој пред половина година самиот најави дека ќе се заложи за решавање на македонското црковно прашање.

Аналитичарите сметаат дека се големи шансите да се случи тоа, но не веруваат дека тоа би било во скоро време, зашто во моментов Вселенската патријаршија е соочена со голем притисок од Руската црква.

Во таа поделба на блокови засега, освен црквата на Чешка и на Словачка, на страната на Руската црква застана и Српската православна црква. Во блокот на руската страна веројатно ќе застане и Антиохиската патријаршија, пред сѐ поради поддршката што Русија ѝ ја дава на Сирија.

На страната, пак, на Вселенската патријаршија се очекува да застане Ерусалимската патријаршија, за што Руската црква веќе се закани дека, ако се случи тоа, ќе прекине да служи на Светиот гроб во Ерусалим.

Борба на два фронта

Верскиот аналитичар од Софија, Иван Димитров Желев, како одличен познавач на црковните околности на Балканот и на односите меѓу православните цркви смета дека оваа состојба на поделеност во православието може да ѝ оди во корист на православната црква, зашто никој не може да го игнорира нејзиното постоење.

– Нехристијански е да се држи во потчинетост еден жив дел од дадена православна црква (било Руска, било Српска), кога таа има потенцијал да постои самостојно. Но, Константинополската патријаршија нема да преземе таков чекор сега, бидејќи на два фронта е тешко да се бори. Има и значајна разлика, Украина е многу силно поддржана политички од Западот, а давањето автокефалност се очекува да биде фактор за автономизирањето на земјата од Русија. Додека кај Македонија има уште нерешени прашања со соседите, а и нејзината важност во геополитика не е толку голема. Како што се гледа, тоа со автокефалноста е повеќе политички отколку религиозен чин – објаснува Желев.

Според него, нема да се случи голем раскол во православието, со што и други цркви би ја прекинале комуникацијата со Вселенската патријаршија, но очекува поларизирање на православието и солидаризирање на одредени цркви со Руската црква.

– Не мислам дека целото православие е исправено пред раскол. Таков прекин на односите меѓу Руската православна црква и Цариградската патријаршија имаше и пред повеќе од 20 години поради преминувањето на еден дел од Естонската православна црква под јурисдикција на Цариград (повторно од политички причини). Подоцна, двете големи цркви ги обновија односите. Со сегашниот јаз во односите, заздравувањето можеби нема да е толку брзо и лесно, но јас не мислам дека тоа е конечно, еднаш и засекогаш. Важен е, се разбира, и односот на другите 12 помесни православни цркви по прашањето. Но јас не мислам дека поради РПЦ, некоја црква би ја прекинала заедницата со Константинополската патријаршија. Дури и ако сочувствувала со РПЦ, тешко дека би можело да се случи некоја локална црква да ги прекине односите со Константинопол. Сега руските клирици веднаш зборуваат за забрана нивни мирјани и клирици да одат на поклонение на Света Гора. Но, тоа се веќе екстремни мерки. Бидејќи не е, како што велат луѓето, „немојте поради Јован да го намразиме и свети Јован“ – нагласува аналитичарот Желев.

СПЦ на страната на Руската црква

Српскиот патријарх Иринеј ја оценува како катастрофална одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автокефалноста на Украинската православна црква истакнувајќи дека тој го нема тоа право.

– Во овој момент нашата црква се наоѓа во сериозно искушение. Во ова искушение ја ставил првиот ерарх на црквата, вселенскиот патријарх, да донесе одлука што може да биде катастрофална за црквата. Тој направил нешто на што нема право. Призна расколничка црква ѝ додели дури и автокефалност. Нешто што досега не се случило. Ќе укажеме сите, сите цркви да укажат на последиците што можат да се случат од таа одлука и да не дојде до поделби меѓу православните цркви, зашто тоа е нешто најкатастрофално што може да се случи – додаде српскиот патријарх Иринеј.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

Коментар(6)

  1. Човекоугодници и Ласкачи тие ќе бидат подржувачи на РПЦ,во нормални услови РПЦ влезе во Ракол и никој не треба да општи со таа горда црква,како и Српската и православието ќе биде мирно и Едносушно а,и сите треба да се потчинат на одлуката на Влселенскиот Патријарх во спротивно нема причина да се вика вселенски ниту царигрдски,???

  2. http://www.romfea.gr/oikoumeniko-patriarxeio/24418-allagi-stasis-apo-to-oikoumeniko-patriarxeio-gia-tin-sxismatiki-ekklisia-tis-pgdm

    Според извештајот, во писмото на Вселенската патријаршија кон Македонската црква се вели дека не може да има апсолутно никаква паралела меѓу барањето на Црквата на Македонија со Украинската Православна Црква, затоа што тие се две сосема различни ситуации.

    Како што е објаснето, во писмо до македонската црква, Вселенската патријаршија истакна дека тоа никогаш не ги даде на Москва црковни провинции на Украина, додека 1922 се дадени на Српската православна црква црковните провинции кои се вклучени денес на територијата на Македонија.

    Тој се вели во извештајот, одговорот писмо на Вселенската патријаршија, изјави дека “по барање на Православната Црква од Скопје до доделен автокефална под името” Охридска Архиепископија “, ние ја одлуката да не се донесе одлука за ова прашање, бидејќи регионот не спаѓаат во рамките на нашите надлежности, но е под надлежност на Пеќката Патријаршија, српската Православна црква

  3. Еклисиаст, престани да шириш лаги. Овој извештај е спин, односно такво писмо воопшто не е испратено до МПЦ – ОА од страна на Вселенската Патријаршија. Како што може да се забележи во посочениот од тебе линк, Ромфеа ја презела веста од Слободен печат во која вели: „Како што објави Слободен печат“. Значи, не се повикува на официјален извор од Вселенската Патријаршија, оти таму овој извештај не е објавен и никаде на друго место не е објавено. Очигледно, тоа е измислица на Поашите на кои ти верно им служиш.

  4. И уште нешто: Епархиите биле доделени на СПЦ поради тогашните политички околности, односно поради создавањето на обединетото кралство на СХС. Сега е поинаку. Сега ние имаме независна држава и затоа од истите причини од кои Вселенската Патријаршија ги дала нашите епархии, од истите тие причини, односно нови околности може да ги предаде на МПЦ – ОА. Овде има нова држава. Да не заборавиме дека Вселенските Собори и го гарантираат тоа право на Вселенската Патријаршија.

    1. тогаш зошто сторивте “авоткефална” Црква кога бевме во иста држава?!Sapienti sat.

  5. Современото и реално прашање што сите ги засега е: Дали ОА Канонски се отцепила од СПЦ и тоа е реалност што ги вознемирува во СПЦ! Тоа не е мудрост на Г.Г Доиситеј или на Герман,или на советската власт туку Божја Промисла. Кој има очи ќе види!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *