Почетна Вести Европа Во Киев отворен центар за вакцинација во џамија
Во Киев отворен центар за вакцинација во џамија

Во Киев отворен центар за вакцинација во џамија

102
0

Центарот за вакцина против корона вирусот е отворен во џамијата Ар-Рахма во главниот град на Украина, Киев, јави Анадолија.

На отворањето, меѓу другите, присуствуваа и заменик министерот за здравство на Украина Александар Комарида и имамот на џамијата Хасан Ахатов.

Во центарот, кој ќе работи секој ден од 9 до 16 часот, ќе може да се вакцинираат лица постари од 18 години.

Ахатов изјави за Анадолија дека исламот налага да се заштити животот.

Затоа, рече тој, во соработка со Министерството се борат против епидемијата со споделување заштитни маски, тестови и ракавици.

Во Украина, каде што почна масовната вакцинација на 24 февруари, во последните 24 часа се вакцинирани повеќе од 270.000 луѓе. Со една доза се вакцинирани 12.914.333 лица, а со друга 10.025.360.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *