Почетна Вести Во Карипското море пронајдени пештери со уникатни христијански графити
Во Карипското море пронајдени пештери со уникатни христијански графити

Во Карипското море пронајдени пештери со уникатни христијански графити

233
0

Археолозите најдоа потврда дека првите Европејци кои пристигнале во Америка позајмиле од локалните племиња неколку техники на живопис. За тоа сведочат графитите во една од пештерите на карипскиот остров Мона, каде цртежите на Индијците се наоѓаат веднаш до изобразби на христијанска тематика, соопштува научното списание „Антиквити“.

karibsko 2Веќе неколку години наназад археолозите ги истражуваат пештерите на островот Мона (сместен меѓу Доминиканската Република и Пуерто Рико) и таму пронајдоа многу цртежи од локалните староседелци. Сепак, во една од пештерите тие заедно со сличните изобразби, пронајдоа и натписи на латински и шпански јазик, како и христијанска символика. Научниците обрнуваат внимание на тоа дека на овој остров во 1494 година допловил Христофор Колумбо, за време на својата втора експедиција во Новиот Свет.

„Карипскиот остров Мона, кој се наоѓа на главниот морски пат, преку Атлантикот, од Европа кон Америка, во 16 век се нашол во епицентарот на шпанската колонизација. Заедниците на Абориџините биле едни од првите што паднале во зоната на Европското влијание, во периодот на суштинската трансформација и стекнувањето на новиот идентитет. Тоа го потврдуваат и графичките изобразби оставени на ѕидовите на една од многуте локални пештери и од страна на Абориџините и од претставниците на првите поколенија на европските доселеници. Тоа е едно видливо сведоштво на нивните духовни контакти, кое дава ретка личносна претстава за карактерот на меѓукултурните и меѓурелигиозните односи во времето на освојувањето на Америка“, се вели во изјавата на археолозите од Британскиот музеј и Универзитетот „Лестер“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *