Почетна Вести Во Грузија пронајдеа света вода стара 13 века
Во Грузија пронајдеа света вода стара 13 века

Во Грузија пронајдеа света вода стара 13 века

396
0

Археолозите во Грузија откопаа несекојдневно археолошки предмет. Во сад со обем од околу 1 тон, пронашле кристално чиста вода, за која веруваат дека станува збор за света вода.

Првичните податоци покажуваат дека глинениот сад, кој бил затворен е стар околу 13 века и дека водата која била во него потекнува од V do VIII век.

Чудното археолошко откритие,  како што пишуваат руските медиуми било пронајдено во околината на храм во градот Кварели (Кахетија). Таму веќе подолго време биле вршени археолошки ископувања на храм кој датира од V век.

Светата вода, чијашто старост е неколку века, е прв пронајдок од таков вид. Според зборовите на раководителот на експедицијата на националниот музеј на Грузија, Нодар Бахтадзе, во централниот дел на базиликата од V век, во сува почва бил пронајден глинениот сад, целосно заштитен од надворешни влијанија.

Осветената вода ги сочувала сите нејзини корисни својства, што било потврдено со лабораториска анализа. Чудното археолошко откритие уште истиот ден го посетиле духовници на Грузиската православна црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *