
375
0
Во Нарва, Естонија, утрово е пронајден убиен православен свештеник со голем број убоди по телото, соопштуваат руските медиуми.
Веста за убиството ја потврдиле од естонската полицијата, но според истрадата осомничен за убиството бил синот на свештеникот.
Телото на свештеникот е пронајдено околу 5 часот утринава, а на него биле откриени бројни прободни рани. Според непотврдени информации, свештеникот бил полеан и со киселина.
Истрагата ја одвела полицијата до на двасетгодишниот син на свештеникот, кој е осомничен за убиството на 49-годишниот отец. Според полицијата тој му нанел повеќе убодни рани со остар предмет. Осомничениот е уапсен за убиство со умисла.
Според информациите отец Михаил бил ревносен свештеник на Православната Црква.