Почетна Вести Ислам Во џамиите во Македонија молитви за првиот намаз во Аја Софија
Во џамиите во Македонија молитви за првиот намаз во Аја Софија

Во џамиите во Македонија молитви за првиот намаз во Аја Софија

127
0

Во централните џамии низ Македонија се одржаа молитви на благодарност по повод отворањето на „Аја Софија“ за намаз, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со писмата испратени од страна на Исламската верска заедница на Македонија и Советништвото за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје до муфтиствата, за време на проповедта (хутбата) во централните џамии низ земјата беа дадени информации околу отворањето на „Аја Софија“.

Пред петочната молитва (џума намазот) во Мурат-пашината џамија во Скопје, беа извршени молитви по повод отворањето на „Аја Софија“ за намаз. Молитвата се одржа под водство на советникот за верски прашања при турската Амбасада во Скопје, Мурат Алкан.

Хатибот на Мурат-пашината џамија во Скопје, Сулејман Баки, во хутбата говореше за историјата и важноста на „Аја Софија“, истакнувајќи дека „Аја Софија“ е важно дело за човештвото.

Баки нагласи дека луѓето од овие простори се среќни што „Аја Софија“ е повторно отворена како џамија, и додаде: „Аја Софија е круна на сите џамии во Румелија и на Балканот.“

По 86 години, денеска се клањаше првиот џума намаз во „Аја Софија“ во Истанбул, со учество на илјадници лица во џамијата и нејзината околина.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *