Свештенослужители од преспанско-пелагониската епархија и Општина Демир Хисар, празникот Богојавление-Водици го одбележаа во населбата Мургашево.
Светиот крст беше положен во Стара Река, а најсреќен и највешт учесник годинава е Дарко Кочовски, кој од градоначалникот Никола Најдовски доби пригоден подарок.
Според востановената традиција, празнични манифестации за Водици се одржаа и во демирхисарските села Прибилци, Журче, Белче, Слепче, Граиште, Вардино, Суводол, Кутретино, Слоештица, Сопотница, Железнец, Доленци, Жван, Смилево, Загориче, Утово, Стругово, Единаковци и Света, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар.
/МИА
