Почетна Вести Регион Во центарот на Белград отворена првата џамија по 100 години
Во центарот на Белград отворена првата џамија по 100 години

Во центарот на Белград отворена првата џамија по 100 години

87
0

Во центарот на Белград, поточно на булеварот на кралот Александар, вчера е отворена џамија, Месџид.

По сто години ова е прва џамија, каде верниците муслимани од Белград и околината, ќе можат да му се молат на Бог.

На отворањето на нови простории присуствуваа претседателот на Исламската заедница на Исламската заедница во Србија, муфтијата Mевлуд еф. Дудиќ, директор на Медресето Решад еф. Плојовиќ, ФИС декан Енвер еф. Гичиќ.

-Преполните простории го оддаваат значењето на денешниот ден, кој претставува столб и носи многу јасна порака до муслиманите, но исто така и на сите граѓани во Белград и на територијата на цела Република Србија, велат од ИВЗ на Србија.

По отворањето, клањана била и првата џума намаз која ја предводел муфтијата Дудиќ.

Претседателот Мешихат истакнал дека после џума, отвараат нова страница во поглавјето на муслиманите во Србија.

-По повеќе од сто години, Семоќниот Аллах ни се смилува да бидеме прва генерација која во центарот на градот ќе престојува во новата Божја куќа. Се надеваме дека ова ќе биде отскочна даска за отворање на Исламскиот центар, изјавил Мешихат.

Ново отворената џамија има книжара и библиотека.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *