Почетна Вести Во Бугарија деца организираа социјални кујни
Во Бугарија деца организираа социјални кујни

Во Бугарија деца организираа социјални кујни

176
0

kujni 1Три ученички од Тројан организираа кујна за социјалните случаи, што секојдневно ќе обезбедува топли оброци за луѓето од градот кои имаат таква потреба. Девојчињата биле инспирирани од нивните посети на социјалната кујна во Ловеч, коишто биле редовно организирани од страна на раководителката на верското здружение.

Токму дел од активностите на ова здружение е мисионерската работа, којашто учениците ја вршат во споменатата социјална кујна во Ловеч. Свесни дека и нивниот град има потреба од таква иницијатива, тие успеале да пронајдат истомисленици кај клирот и локалните фирми, своите соученици, и градските жители и за само месец дена со заеднички напори успеале да организираат социјална кујна во објектот што им го понудило на користење црковното настојателство на храмот „Св. Параскева“. Локалните фирми се погрижиле за опремувањето со апарати за домаќинството, како и со основните продукти.

Оваа иницијатива се спроведува со благослов на Ловчанскиот митрополит Гавриил, којшто во неделата на 17 април ја освети кујната заедно со игуменот на Тројанскиот манастир епископ Сиониј. Обајцата се обврзаа да ја помагаат колку што можат дејноста на оваа кујна.

„Гледате ли дека добри дела можат да се прават и во денешно време. Само треба човек да има решителност. Само треба некој да се реши и Господ веднаш помага“, изјави Ловчанскиот владика по молебниот за осветувањето на кујната.

Двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *