Во Битола се одбележаа 77 години од депортацијата на над 3000 Евреи во логорите на смртта

Date:

Share post:

Денеска во Битола беа одбележани 77 години од депортацијата на над 3000 битолски Евреи. За да оддаде почит, во Битола дојде и познатата американска ладино пејачка Сара Ароестe, која има потекло од старо битолско еврејско семејство чија куќа е една од најрепрезентативните на Широк Сокак.

-Живеам во Соединетите американски држави, но моето срце е во Битола. Тука е роден мојот дедо и поголемиот дел од моето семејство доаѓа од Битола. За жал, после Втората светска војна поголемиот дел од моето семејство беше убиено, но се уште имам една роднина која е се уште жива, оваа година ќе наполни 103 години. Таа е инспирација, има многу сеќавања за Битола и ми ги пренесува приказните мене и на моите деца. Овде сум денес во нејзино име да оддадам почит на нејзиното семејство кое беше убиено и на сите Сефарди од Македонија кои не преживеаја, изјави САРА АРОЕСТЕ.

Еврејската заедница оставила голем печат врз животот на битолчани.

-Но она што го оставиле низ архитектурата, но и низ нивното живеење и преданијата, навиките и обичаите кои ги негувале се уште како трагови се присутни во нашиот град, и тоа е добро затоа што не потсетуваат за нивното постоење на нивните простори, изјави НАТАША ПЕТРОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА.

Вкупно 7144 Евреи од Битола, Скопје и Штип пред 77 години беа депортирани во логорот Треблинка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img