Почетна Вести Европа Во Aмбасадата на Ватикан пронајдени човечки коски
Во Aмбасадата на Ватикан пронајдени човечки коски

Во Aмбасадата на Ватикан пронајдени човечки коски

101
0

Работниците пронајдоа човечки коски во Aмбасадата на Ватикан во Италија и полицијата го испитува овој случај, соопшти Ватикан.

Италијанските медиуми објавија дека форензичарите се обидуваат да утврдат дали станува збор за посмртните останки на Емануела Орланди, 15-годишната ќерка на еден вработен во Ватикан која исчезна во 1983 година.

Исчезнувањето на Емануела Орланди е една од најголемите мистерии на современата италијанска историја. Таа беше киднапирана на 22 јуни 1983 година, откако го напушти семејниот дом во Ватикан и отиде на час по музичко во Рим. Имаше 15 години. Нејзиниот татко бил вработен во Светиот Престол.

/makfax

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *