„Исус најголемиот“ е името на статуата, која на 24 февруари беше поставена во областа Абажа во Нигерија и претставува највисоката статуа на Христос во Африка.
На настанот учествувале стотици нигерсики верници, кои го поздравиле поставувањето на најголемата статуа Jesus the Greatest (Исус Најголемиот) во Африка.
Висока е 8.53 метри и е со тежина од 40 тони. Статуата е изработена од бел мермер и е нарачана во 2013 од Обина Онуха, Генерален директор на нигериската нафтена компанија кој е голем католик.
Статуата на која е насликан Христос, бос и со раширени раце, е поставена до црквата „Свети Алојзие.
„Величествената статуа ќе биде голем симбол на верата за католиците и за сите кои ќе поминат покрај неа“, рекол на отворањето епископот на епархијата на Орлу, монсињор Августин Окуома.