Почетна Вести Во 2016 година се убиени 28 католички пасторални работници
Во 2016 година се убиени 28 католички пасторални работници

Во 2016 година се убиени 28 католички пасторални работници

84
0

Во текот на 2016 година биле убиени 28 католички пасторални работници, а веќе осум години по ред најмногу од убиените се во Америка – објави агенцијата Фидес во извештајот на крајот од годината. Драматично пораснал број на убиени монахињи, убиени се девет, двојно од 2015 година.

katoliccВо 2016 се убиени 14 свештеници, девет чесни сестри, еден семинарист и четворица лаици. Дванаесет се убиени на американскиот континент, а убиен е и во Европа поточно во Франција отец Жак Хамел, кој џихадистите го убија додека служеше света Литургија. Поголемиот дел од пасторалните работници настрадале во обидите за киднапирање или кражба во контекст на запоставување и сиромаштво.

Во Извештајот се спомнуваат тројца свештеници киднапирани и убиени во Мексико, веројатно заради нивната борба против трговијата со дрога, а исто така во Мексико беше киднапиран отец Хозе Санчез Руиз кој по киднапирањето е ослободен „со видливи значи на мачење“ затоа што остро ја критикувал корупцијата и криминалот. Други свештеници се убиени во Бразил, Венецуела, Колумбија, Хаити и во Флорида, САД. Во Африка свештениците, монахињите и каритативните работници го загубиле животот во заседи или напади: во Нигерија, Јужен Судан, Демократска Република Конго. Во Азија се убиени работници на Филипините, во Индонезија, Сирија и четири монахињи во Јемен.

Во извештајот е изразена загриженост за христијанските заедници за судбината на другите пасторални работници, киднапирани или исчезнати за кои нема никакви вести. Агенцијата Фидес потсетува дека објавената годишна листа треба да се додаде подолга листа на многу работници за кои можеби никогаш нема ништо да се знае, а кои во светот страдаат и со живот ја плаќаат својата вера во Исус Христос.

/Радио Ватикан

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *