
ВМРО-НП ја поздравува одлуката на СПЦ за автокефалност на МПЦ-ОА
167
0
ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Српската православна црква со која се препорачува Македонската православна црква – Охридска архиепископија да добие автокефален статус.
ВМРО-Народна партија се надева дека ова е вистинскиот пат преку кој ќе го добиеме и финалниот чин, а тоа е томос од Вселенскиот патријарх Вартоломеј за потполна автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Веруваме дека ова ќе биде последниот чин после кој ќе можеме да си ја честитаме автокефалноста и сите заеднички да се радуваме.