Почетна Вера ВМРО-ДПМНЕ: Празнувањето и почитувањето на меѓусебните верски разлики е вистинскиот пат
ВМРО-ДПМНЕ: Празнувањето и почитувањето на меѓусебните верски разлики е вистинскиот пат

ВМРО-ДПМНЕ: Празнувањето и почитувањето на меѓусебните верски разлики е вистинскиот пат

59
0

– Со празнувањето на денешниот ден, уште повеќе се зацврстуваат и се истакнуваат традиционалните вредности на толеранција, заедништво и хуманост помеѓу луѓето, стои во честитката што за Рамазан до поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ја испратила Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

vmro dpmne-Празнувањето и почитувањето на меѓусебните верски и културни посебности е вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава сила да продолжиме да градиме силни врски на заедништво и меѓусебно разбирање. Само така, обединети и сплотени ќе можеме да создаваме вредности и дела за сите идни генерации кои ќе го продолжат патот до уште посилен развој и просперитет на нашата држава, се наведува во честитката.

Во духот на овие вредности, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници од исламска вероисповед во Република Македонија им го честита големиот празник Рамазан Бајрам и им посакува овие празнични мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *