Владините функционери на Бугарија и Србија со конкретни унапредувања за вероучителите и религиското образование

Date:

Share post:

Патријархот на Бугарија г. Даниил во текот на вчерашниот ден во Синодалната палата го прими Министерот за образование и наука, г. Красимир Валчев. На средбата тие дискутираа за соработката помеѓу Министерството за образование и Бугарската православна црква.

„Во моментов подготвуваме промени во наставните програми, со цел зајакнување на педагошкиот аспект“, објасни министерот Валчев. Според него, воспитанието мора да е неизбежен сегмент во секоја лекција, па затоа е потребно да му се посвети посебно внимание во сите образовни програми, без оглед за кој наставен предмет станува збор. „Истовремено, размислуваме да воведиме наставен предмет за вредностите и религиите“, додаде тој. „Слични вакви предмети се предаваат во повеќето европски земји. Доколку овој предмет стане задолжителен, на учениците ќе им се овозможи избор помеѓу различни програми. Оние кои нема да сакаат да учат религија, ќе можат да изберат предмет со фокус на етика, морал и вредности“, истакна министерот Валчев. Според него, имплементацијата на овој план може да се случува постепено, во различни етапи.

Патријархот Даниил му честита на министерот Валчев и ја поздрави неговата јасна волја, изразувајќи ја подготвеноста на Бугарската православна црква да соработува и преку стручни лица да помогне во дискусијата за идните промени. Патријархот нагласи дека наставата по овој предмет не само што ќе го помогне образовниот систем, туку ќе им понуди на децата дополнителни знаења, давајќи им истовремено и морална и духовна перспектива, која ќе придонесе кон редуцирање на агресивноста во училиштата.

Во текот на состанокот, беше истакнато и значајното искуство, стекнато во последните неколку години од воведувањето на изборниот предмет „Православно христијанство“ во училиштата, како и развојот на посебните наставни материјали кои го придружуваа овој предмет. Патријархот истакна дека овој предмет треба да продолжи да има образовен карактер, и да се фокусира на вредностите, историјата и христијанската уметност, притоа нудејќи можност за подлабоки сознанија за оние што тоа го посакуваат.

Во исто време, Владата на Република Србија, на својата последна седница од 20 февруари, го изедначи статусот на Вероучителите со статусот на останатите предметни наставници, давајќи им законска можност за нивно професионално ангажирање на неопределено работно време. Претходно, Вероучителите имаа можност да бидат ангажирани исклучиво на определено време, и тоа за период од 12 месеци за секоја учебна година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img