Владина делегација присуствуваше на велигденската литургија во Соборниот храм Св. „Климент Охридски“

Date:

Share post:

Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје, соопшти владината прес – служба.

Со свечената Велигденска литургија, чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членови на Архијерејскиот Синод и со свештенството на соборниот храм.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img